Фото: Пиксабеј

Од градинарскиот отпад, но и од остатоците од храна лесно може да се направи компост, кој ја збогатува почвата и го забрзува растот на растенијата. Овоштарник, винова лоза, градина или саксии со цвеќе на тераса се причина за да се занимаваме со компостирање, под услов да можеме да обезбедиме минимум еден квадратен метар простор во дворот или на терасата. Компостот се создава преку природен процес на распаѓање на органски материјали, како што се градинарски отпад и остатоци од храна.
Компостот е корисно биогориво, кое ја збогатува почвата и го забрзува растот на растенијата. Компостирањето бара голем простор и многумина сметат дека е нешто валкано и лошо мириса. Може и тоа да се случи, но тоа значи дека во процесот се случила некаква грешка. Важно е да се забележи разликата меѓу распаѓање односно разложување и гниење.
Што не се става во компостот? За да се избегнат грешки, важно е да се знае дека во компостот не се става варена, конзервирана и зачинета храна, цитрусни плодови, остатоци од кромид поради мирисот, лисја од некои дрвенести видови (орев и четинари). Корисно е да се додадат ситно мелени лушпи од јајца и талог од кафе, но умерено. Не е штетно ниту додавањето влакна, хартиени марамчиња, хартиени сламки, дрвени стапчиња за сладолед. Сепак, треба да се избегнува додавањето на премногу распадната содржина бидејќи тоа ќе го наруши статусот на микроорганизмите и процесот на распаѓање ќе се помести кон гниење. Исто така, потребно е редовно одржување на компостот: повремено треба да се промеша собраната маса, да се навлажни, да биде како исцеден сунѓер, за микроорганизмите да можат да преживеат, а распаѓањето на биоотпадот да се забрза.