фото: Нова Македонија

Крајот на летни концертни журки ќе го одбележи „Скопје пивски викенд“ (Skopje Beer Weekend), што ќе се одржи во три вечери на 13, 14 и на 15 септември, на стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје.

Како и досега голем број скопјани ќе посакаат да бидат дел од настанот посветен на ладното пиво, вкусната храна и што е најважно, на добрата забава со квалитетната музичка програма и понуда која содржи внимателно одбрани изведувачи.

Првата вечер, на 13 септември (петок) настапуваат: српските мајстори на концертните журки „Тропико бенд“, најпопуларно македонско ар-ен-би дуо заедно со својата повеќечлена придружна група во живо –„ДНК“ и Андријана Петрушовска, која имаше голем успех на последното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Втората вечер, на 14 септември ќе настапат: српскиот фолкер Пеѓа Меденица, најпознатата македонска поп-реге-ска група, чии концертни журки исполнети со нивните хитови долго се паметата – „Суперхикс“ и двојната макфестовска победничка Бојана Скендеровски.

На последната, трета вечер на 15 септември (недела) на сцената на „Скопје бир фест“ ќе настапи мајсторот на баладите Џенан Лончаревиќ, еден од најдобрите македонски фолк-пејачи Миле Кузмановски и некрунисаниот принц на македонската народна новосоздадена песна, Наум Петрески.

М.Т.