Оваа година во времето на велигденските празнувања ќе биде обновен фестивалот „Смотра“, кој ќе се одржи на 21 април (втор ден Велигден) во Сушица, општина Ново Село, како настан наменет за млади пејачи. Тоа е фестивал што бил организиран за промоција на млади пејачи и автори, но одредено време не се одржувал. Оваа година Советот на општината и градоначалникот Ѓорѓе Божинов го обновуваат овој музички настан. Тука своите први чекори ги направиле и некои познати имиња од македонската естрада.
Пред комисијата составена од Сузана Гавазова, Владимир Блажев-Панчо – ДНК и Спасен Силјановски се очекува да се претстават млади пејачи од цела Македонија. За музиката и аранжманот ќе се погрижи групата „Легато бенд“. Промотор и водител е Трајче Ѓоргиев. Организаторот ги поканува младите пејачи да се пријават за фестивалот до почетокот на април. Може да се пријават талентирани луѓе до 35 години од цела Македонија и да освојат една од наградите (прво место – 50.000 денари, второ место – 30.000 денари и трето место – 15.000 денари).