Усвоен шведскиот модел
Шведска оваа година ќе стане првата европска земја што ја поттикнува употребата на нови категории производи што не испуштаат чад, како замена за цигарите. Панел од меѓународни експерти предводени од експертот за јавно здравје Мервом Гловер го објави сеопфатниот извештај на „Смоук фрее Свиден“ за Нов Зеланд, земја што го усвои шведскиот модел и ја преполови стапката на пушење во земјата за само пет години.
Нов Зеланд, како и Шведска, е на добар пат да стане една од ретките земји без чад со преваленца на пушење помала од пет проценти. Во 2018 година, стапката на пушење во Нов Зеланд беше 13,3 отсто, додека во 2023 година, благодарение на производите без чад, официјално одобрени од тамошната влада како алатка за возрасни пушачи да се откажат од пушењето, падна на 6,8 отсто.
Главниот автор на извештајот, Гловер, истакна дека искуството на Нов Зеланд покажува дека со пристап до побезбедни алтернативи, луѓето можат да престанат да пушат, и тоа во голем број. Овој успех, како и во Шведска, е поттикнат од комбинација на владини иницијативи и поддршка од заедницата наместо со идеолошки војни против никотинот.
– Брзиот пад на стапката на пушење во Нов Зеланд докажува дека Шведска не е исклучок. Овој модел одлично функционира. Воодушевени сме што гледаме такви неверојатни резултати и ќе продолжиме да го застапуваме овој пристап, покажувајќи дека стратегиите за намалување на штетите можат да функционираат секаде – додаде д-р Делон Хуман од глобалната мрежа на научници „Хелт дипломатикс“.