На 28 август, Радовиш ќе живее во ритамот на големата музичка прослава по повод Денот на македонските рудари и Денот на градот. Oваа година публиката ќе има можност да ужива во настапите на два големи регионални бенда: „Нокаут“ и „Дивље јагоде“.

Од 21 часот, сцената ќе ја запали македонскиот поп-рок бенд „Нокаут“, кој повеќе од две децении плени со своите емотивни балади и енергични хитови. Ќе се пеат од срце песни како „Лебедот бел“, „За нас“, „Временска машина“, „Мене ми припаѓаш“, „Во бестрага“, „Кога ме сакаш ти„, „Еј би си“, „Илјада причини за крај“…и многу други, создавајќи атмосфера која ги спојува сите генерации.

Во 23 часот, рок легендите „Дивље јагоде“, бендот кој ја дефинираше хевиметал сцената на Балканот, ќе не потсети на на безвременски песни како: „Мотори“, „Шејла“, „Не желиш крај“, „Једина моја“, „Криво је море“, „Ауто стоп“, „Кап по кап“, „Сарајево, ти и ја“… Со повеќе од четири децении музичка историја, нивниот настап ќе биде вистински спектакл за љубителите на моќниот звук.
Радовиш е подготвен за уште една незаборавна ноќ, како финале на празничниот ден во кој ќе се прослават Денот на македонските рудари и Денот на градот. Организаторите ветуваат вечер исполнета со врвна музика, силни емоции и забава што ќе се памети.
Влезот ќе биде слободен.