ЛУЈЗА Хеј открива моќно правило
Лујза Хеј открива кои видови реченици привлекуваат проблеми и негативност во животот на личноста што ги изговара. Таа е еден од најпознатите мотивациски говорници и автори на книги за самопомош и личен развој. Нејзините техники и алатки за среќен живот ги користат луѓето низ целиот свет, а сега ви го пренесуваме нејзиното објаснување како да ја исфрлите негативноста од вашиот живот. За почеток, проверете дали ги изговарате овие реченици:
– Не сакам да бидам дебел.
– Не сакам да бидам сиромашен.
– Не сакам да бидам стар.
– Не сакам да бидам грд.
– Не сакам да живеам овде.
– Не ја сакам оваа личност во мојот живот.
– Не сакам да бидам како татко ми или мајка ми.
– Не сакам да работам овде.
– Не сакам да бидам сам.
– Не сакам да бидам несреќен.
– Не сакам да бидам болен.
Овие изјави покажуваат како сме програмирани свесно да се бориме против негативноста во нашите животи. Мислиме дека ако размислуваме за негативни работи, позитивните работи автоматски ќе влезат во нашите животи, а всушност се случува спротивното. Се сеќавате ли колкупати во животот сте се фокусирале на она што не го сакате? Дали го добивате тоа што го сакате? Веројатно не. Колку повеќе негативни мисли имате, толку повеќе негативности создавате во вашиот живот. Она на што посветувате најмногу внимание станува трајно во вашиот живот, затоа ослободете се од негативните мисли и фокусирајте се на она што навистина го сакате во вашиот живот и изговарајте реченици што почнуваат со „Сакам да…“.