Научниците им ставија „мини-ранци“ на редок вид бубачки пронајдени во делови од умерените дождовни шуми за да ги проучат нивните движења како дел од истражувањето што може да помогне да се заштитат ваквите инсекти. Истражувачите од Универзитетот во Ексетер соработуваа со „Вудленд траст“ во проучувањето на овој редок син инсект што може да се најде во делови на југозападна Англија, вид за кој малку се знае.
Тимот им постави радиоуреди, кои изгледаат како мали ранци, на 36 инсекти со цел да ги сними нивните секојдневни движења во повеќе шуми низ Дартмур. Откриле дека некои бубачки биле побрзи и поавантуристички расположени во потрагата по храна, а некои не се враќале во својата база со денови. Истражувањата покажаа дека една бубачка патувала и по неколку километри во текот на ноќта во потрага по храна или по партнер.
Истражувачите, предводени од д-р Ник Ројл и Броган Пет, велат дека истражувањето би можело да обезбеди витален увид во тоа како „Вудленд траст“ и другите конзерватори на животински видови можат да ги заштитат и обноват овие ретки живеалишта во услови на актуелните климатски промени.