Фото: Пиксабеј

Истражувачите од Велика Британија и од Израел опишаа нов систем на крвни групи кај луѓето. Тоа е огромно достигнување и кулминација на долгиот тимски напор со цел конечно да се воспостави овој нов систем на крвни групи за да може да се обезбеди најдобра грижа за пациентите со ретки медицински состојби.
Според Луиз Тајли, хематолог во Националната здравствена служба на Велика Британија, иако на сите ни се познати системот на крвната група АБО и Рх-факторот, луѓето всушност имаат многу различни системи на крвни групи базирани на широк опсег на протеини и шеќери на површината на клетката. Повеќето од главните крвни групи беа идентификувани на почетокот на 20 век, но нова крвна група беше забележана на крајот на 2024 година.
– Работата беше тешка бидејќи генетските случаи се многу ретки – објасни Тејли.
Многу мал протеин со некои интересни својства го отежнувал идентификувањето, па тимот морал да акумулира докази потребни за да го воспостави овој систем на крвна група. Познато е дека протеинот МАЛ игра витална улога во одржувањето на стабилноста на клеточните мембрани и помага во клеточниот транспорт. Згора на тоа, претходните истражувања покажаа дека АнВј всушност не е присутен кај новородените бебиња, туку се појавува веднаш по раѓањето. Интересно е што сите АнВј негативни пациенти вклучени во студијата ја имале истата мутација. Сепак, не се пронајдени други клеточни абнормалности или болести поврзани со оваа мутација.