Не постои човек кој не ужива во магијата на божиќните празници и прекрасниот амбиент кој е исполнет со позитивната енергија од удобноста и топлината на домот. Бидејќи Божиќ е празник што се слави во домашна атмосфера, украсувањето на домот во духот на празникот е исклучително важно. Секој дел од вашиот дом треба да блесне во магичната убавина на Божиќ, а најважна е декорацијата на божиќната трпеза.
За божиќните и новогодишните празници сакаме сѐ да биде беспрекорно. Па така, покрај за храната, најмногу се грижиме и за украсување на божиќната трпеза, бидејќи самата декорацијата дава посебен дух на празникот.

Зимзелена декорација од свежи борови гранчиња, украсена со неколку шишарки, лампиони, црвена панделка и голема свеќа во средината, секогаш плени со своето богатство, елеганција и стил. Ѝ дава свечен дух на трпезата и ја разубавува на најубав можен начин.
Доколку изберете потполно бела декорација за вашата маса, ќе создадете спокоен амбиент кој личи на мирна снежна ноќ. Белиот чаршав, надополнет со сребрено-бели декорации, држачи за салфети, бисери и бело цвеќе се пригодна декорација за централниот дел на масата.

Бидете креативни и трансформирајте го вашиот сад за печива во едноставен цветен божиќен аранжман. Исполнете го садот со шарени цветови, додадете некој ситен светкав украс и пред себе ќе имате импресивен божиќен декор.
Со помош на лампиони направете едноставен букет, кој комбиниран со неколку залени гранчиња со бобинки и раскошна панделка, ќе делува магично.
Доколку имате мали деца, ваквата декорација ќе донесе дополнителна радост за вашите најмили. Околу снешкото, можете да поставите и мала елка со снежно бели гранки, која што дополнително ќе ја збогати декорацијата.

Ако имате намера да ги импресионирате гостите и домашните со уникатна божиќна декорација, поставете висечки украси над централниот дел на трпезата. Користете зеленило, лампиони и панделки, кои најдобро е да бидат во најмногу две бои (црвена-зелена, сребрена-сина, црвена-златна) за да изгледаат отмено и впечатливо.
Креирањето на шарен божиќен аранжман е лесна задача доколку имате бујна фантазија и креативност. Уникатна декорација на божиќната трпеза можете да направите и со брусница. Во провидни садови на дното ставете шеќер, врз него брусницата и на крај украсете со свежо или вештачко зеленило.

Стаклениот троспратен послужавник за колачи може да биде одлична подлога за креирање на божиќна декорација на вашата трпеза. Покрај стандардното зеленило, панделки и свеќи, на послужавникот можете да поставите и мали поклони и честитки со кои дополнително ќе ги израдувате вашите најблиски.