Фото: Инстаграм/Салма Хајек

Разгледувајќи го албумот со фотографии од нејзиниот стајлинг низ годините, мексиканската дива за „Вог“ се потсети на времето кога со стил пристигнала на црвениот тепих во Кан кон крајот на 90-тите.

Според Салма, тогаш немала стилист или бескрајни можности кога е во прашање изборот на креации за појавување на црвениот тепих.

-На почетокот на мојата кариера, ми беше тешко да најдам свечена облека. Не можев да си го дозволам тоа, а дизајнерите ги позајмуваа своите креации на други девојки. Никој од нив не мислеше дека оваа жена од Мексико ќе издржи во Холивуд, па зошто би ми позајмувале облека? – раскажува Хајек.

Прелистувајќи го фото албумот, преубавата актерка наиде на моделот што го носеше на црвениот тепих во Кан во 1999 година, комбинација од минијатурен кардиган и макси сатенско здолниште. Држејќи се до суптилната сина нијанса, таа го дополни целиот изглед со софистициран накит, коментирајќи:

-До тогаш никој не се беше појавил во ваква комбинација на црвениот тепих. Зедов кардиган што може да се носи со нешто одоздола, бидејќи имаше само две копчиња. Го комбинирав со долго здолниште. Сама го создадов стајлингот – вели таа насмеано.

Споменатото издание на мексиканската дива модната библија „Вог“ денес го гледа како идеална референца за модниот стил од 90-тите.

-Не знаев дека еден ден „Вог“ ќе ја смета мојата сопствена креација, облеката што тогаш јас ја дизајнирав, за мој најдобар стајлинг. Повеќето мои стајлинзи од почетокот на мојата кариера беа резултат на мојата сопствена креативност, обидувајќи се да се справам со фактот дека немав многу ресурси – призна филмската ѕвезда.

Како и во далечната 1999 година, мексиканската дива деновиве повторно доминираше на црвениот тепих во Кан.

На премиерата на филмот „Убијците на цветната месечина“, таа остави многумина без здив во фустанот на британскиот дизајнер Александар МекКвин – темно виолетова креација со големо деколте и раскошни рифли на ракавите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)