Фото: Пиксабеј

Соочен со оружен конфликт, вулканска активност и раширено уништување на шумите, најстариот национален парк во Африка почнува да произведува чоколадни горили за да ги поттикне сопствените напори за опстојување.
Националниот парк Вирунга во источниот дел на Конго, кој е разорен од војна, месецов ја одбележува својата стогодишнина со производство на 25.000 рачно изработени слатки во блиската фабрика за чоколади, кои ќе се продаваат во Европа, вклучувајќи ја и Белгија, поранешната колонијална сила на Конго.
Опфаќајќи површина од повеќе од 3.000 квадратни милји, Вирунга е дом на многу од последните преостанати планински горили во светот, но голем дел од паркот е под контрола на бунтовниците, а борбите го забрзаа уништувањето на шумите.
Какаото за чоколадните горили доаѓа од фарми на периферијата на паркот, дел од напорите за промовирање на земјоделските и индустриските активности во областа, за жителите да не се свртат кон уништување на шумите и ловокрадство. Фабриката за чоколадо е оддалечена пет километри од националниот парк.
– Чоколадните горили ја симболизираат отпорноста на паркот наспроти многубројните закани – рече директорот на Националниот парк Вирунга, Емануел де Мероде.