Скопје повторно ќе биде на мапата на регионалната модна сцена со концепт што не само што прикажува стил, туку го редефинира.
Од 29 октомври до 5 ноември 2025, главниот град ќе го живее 31-то издание на Моден викенд Скопје 31. Сезона (Fashion Weekend Skopje), модна платформа во земјата, која повеќе од една деценија го поврзува светот на дизајнот, индустријата и културата.
Под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“, оваа сезона ја отвора дискусијата за модата како јазик на промените – општествени, културни и еколошки.
Со поддршка и на Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес, Модниот викенд ја нагласува моќта на модата да создава вредности, да менува навики и да гради култура на одржливост.
Изданието започнува со едукативни активности и креативни работилници каде одржливоста се претвора во лично искуство, а продолжува со модни претставувања.