„Струмица денес“ пренесува дека Струмица е во шок и жалост по трагичната вест што ја потресе цела Македонија. Младиот талентиран музичар Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој се истакнуваше со својот музички талент, го загуби животот во трагичниот пожар што избувна во градот Кочани. Тој беше член на бендот „ДНК“.
Познат по својата љубов кон музиката и својата посветеност на музичката сцена, Ѓорѓи бил многу ценет и почитуван од своите пријатели и соработници. Ѓорѓи ќе биде запаметен како млад и надежен музичар што својата страст за музиката ја споделуваше со сите околу себе. Секогаш позитивен, насмеан и мотивиран да создаде нешто убаво, тој беше инспирација за многу млади таленти. Изразуваме сочувство до семејството и пријателите на Ѓорѓи, а неговото сеќавање ќе продолжи да живее во музиката што ја создаде и во срцата на сите што го познаваа – пишува „Струмица денес“.
Веста на социјалните мрежи ја објави и братот на Ѓорѓи.