Ликовен настан насловен „Мирисот на летото“ ќе се одржи во рамките на Карпошовото културно лето. Настанот ќе биде во дворот на Кинотеката на Македонија, а учесници се неколку ликовни творци: Владимир Лазоски, Харалампие Манчев-Хари, Игор Поповски, Владимир Величковски, Стојче Тоциновски, Илчо Симовски, Емилија Тоциновска, Марија Светиева Ергас, Сузана Ал Сакини и Маја Танева.
Уметниците ќе сликаат од 10 до 19 часот в сабота (24 август) и в недела (25 август). Во вторник (27 август), во 12 часот, ќе се отвори изложбата со дела од ликовните творци. Организатор е Детскиот ликовен центар-Скопје.