Можеме ли со користење парфем да го подмладиме и да го зајакнеме нашиот мозок? Најновите истражувања на научниците од Јапонија покажуваат дека тоа е можно. Досега мирисите главно биле поврзувани со расположението, сеќавањата и когнитивните перформанси, но новото истражување сугерира дека континуираното вдишување еден посебен мирис – мирисот на масло од рози – може да ја зголеми сивата маса на мозокот и на тој начин да отвори нови врати во превенцијата на невродегенеративните болести.
Научниците од Универзитетот во Кјото и од Универзитетот „Цукуба“ во Јапонија побараа од 28 жени да стават масло од рози на облеката и да го практикуваат тоа еден месец, додека контролна група од 22 учеснички користела обична вода. Магнетна резонанца покажа дека кај оние што носеле мирис на роза дошло до зголемување на волуменот на сивата маса. Иако поголемиот волумен на мозокот не значи автоматски и пoвеќе памет, ваквите откритија можат да бидат значајни за разбирање и евентуално лекување болести како деменција.