Рускиот режисер Никита Михалков учествуваше на церемонијата на отворањето на 40. Меѓународен филмски фестивал во Москва.
– Заминувањето на холивудските блокбастери не се одрази негативно на ситуацијата во руската кинематографија – изјави за новинарите познатиот руски режисер Никита Михалков во Москва.
Михалков одговараше на прашањето на руските медиуми дали мисли дека руската кинематографија успеала да ја надмине кризата и без американските блокбастери.
– Животот не е едноставен, но сфативме дека можеме нормално да функционираме и без Холивуд – изјави режисерот.
Запрашан дали се појавиле нови теми во руската кинематографија, режисерот истакна дека се појавиле нови барања, што довело до појава на нови теми. Тој посочи дека е убеден оти денес кинематографијата треба да придонесе за консолидација на националниот идентитет.
– Мислам дека консолидацијата на националната самосвест е најважната работа – мора да бидеме потребни. Кинематограферот мора да ѝ биде потребен на публиката – заклучи Михалков.
Најпознатиот филм на Никита Михалков е „Изгорени од сонцето“ од 1994 година, за кој ја доби главната награда „златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, како и „оскар“ на Американската академија.
Роден е во 1945 година, а негови најпознати филмови се: „Изгорени од сонцето“, „Сурова романса“, „12“, „Сибирскиот бербер“, „Црни очи“, „Урга“, „Неколку дена од животот на Обломов“.