Бројките што се покажуваат на апаратот за мерење крвен притисок кај секого од нас можат да се променат за миг, поради што редовните мерења се неопходна контрола и превентива за сите. И кога некој е здрав, а особено ако планинари или се занимава со некој понапорен спорт, се советува мерење двапати годишно. Кај хиперсензитивните лица, контролата мора да биде постојана, кај интернистички болните, притисокот се мери барем еднаш месечно, а ако случаите се полесни, на секои два месеца, што, пак, зависи од индивидуалната состојба на секој болен.
Многу луѓе не знаат дека имаат зголемен притисок, кој се покажува токму за време на пешачење на повисоки надморски висини во однос на онаа во градот во кој живеат. На оние што планинарaт на големи височини, докторите им советуваат почести контроли на притисокот, но овој совет важи и за рекреативците, како и за сите други лица. Исто така е важно, потсетува, да се користат адекватни уреди. Ако притисокот се мери со дигитален мерач, треба да се провери дали уредот е исправен и е важно редовно да се менуваат или да се полнат батериите, чие слабеење може да влијае на конечните резултати и мерењето да биде непрецизно.
































