Оваа мапа ја прикажува просечната висина на мажите во Европа и можеби ќе ве изненади кој е на врвот. Мапата објавена на Редит ја покажува просечната висина на мажите во различни земји во Европа. Како што може да се забележи, народите од северот се повисоки од оние на југот, а исклучок е – Балканот!
Имено, земја со највисоки мажи е Босна и Херцеговина (184 см), а првото место го дели со Холандија. Најниските мажи се во Португалија и во Турција (174 см).
Хрватската е меѓу највисоките нации во Европа со просечна висина од 180 сантиметри кај мажите. Македонците исто така спаѓаат меѓу повисоките мажи со 179 см висина.