Фото: Пиксабеј

Кучињата често се вистински членови на семејството, носејќи радост и љубов дома. Сепак, како и секој член на семејството, понекогаш знаат да бидат непослушни. Зошто некои кучиња се поголеми пакосници од другите?
Ветеринарката Ребека Мекмилан објаснува дека зад пакосното однесување често се кријат природните карактеристики на расата. Некои кучиња се тврдоглави или независни, додека други се многу активни и бараат сопственик што може да им обезбеди многу внимание и водство. Со доследен пристап и доволно трпение и тие може да научат што се очекува од нив. Мекмилан нагласува дека најдобрите резултати секогаш се постигнуваат преку позитивен пристап. Кучињата најдобро реагираат на награди, пофалби и охрабрување, додека казнувањето може да има спротивен ефект.
– Негативните методи, како што се викање или казнување, предизвикуваат стрес, страв и недоверба, а токму тоа се однесувања што сопствениците сакаат да ги исправат – објаснува таа. Наместо тоа, препорачува тренинг со кликер и слични методи што градат доверба и врска помеѓу кучето и сопственикот.
Некои раси се поподложни на непослушност, а тоа сега го потврди и компанијата за осигурување домашни миленици „Мени петс“. Според податоците за поведението на кучињата на корисниците, тие составија листа на раси што најчесто се поврзуваат со непослушно однесување.

Лабрадор ретривер
На изненадување на многумина, на самиот врв на листата се најде лабрадорот, едно од најпопуларните семејни кучиња. Овие кучиња се познати по својата енергичност и љубов кон играта, што понекогаш може да резултира со непослушност.

Кокапу – мешавина од кокер шпаниел и пудла
Кокапуто е познато по својата заиграна природа. Неговата енергичност и љубопитност често го водат во непријатни ситуации.

Француски булдог
Иако се познати по својата лојалност, француските булдози можат да бидат тврдоглави и склони кон палавост, особено кога станува збор за моменти на здодевност.

Германски овчар
Овие кучиња се исклучително интелигентни и заштитнички настроени. Сепак, нивната енергичност и потреба за ментална стимулација може да ги направат склони кон разни палавштини ако не се доволно ангажирани.

Шпаниел
Шпаниелите се познати по својата љубов кон луѓето и играта. Нивната енергичност и желба за внимание понекогаш можат да резултираат со пакост.