Најстарото и нареномирано Културно- уметничко друштво од Кичево,„ Нико Пусоски“ , со величествен концерт вечерва пред преполната сала од Центарот за култура, го прослави 78-от роденден.
На јубилејниот концерт настапија повеќе од сто играорци на друштвото од сите генерации а јубилејот беше надополнет и со две песни и со настап на гостите од КУД„ Врело“ Бујановац. Презадоволните гледачи со громогласни аплаузи ги наградуваа изведувачите после секое оро и песна а така наликуваше целиот концерт во траење од 90 минути.
Како што најави претседателот на друштвото Аце Јованоски, конертот застапи голем број ора и песни од сите делови на етничка Македонија.
-Со вечерашниот концерт кој го подготвувавме повеќе од еден месец, го одбележавме 78-от роденден на најстарото и најреномирано Културно уметничко друштво во Кичево,КУД„ Нико Пусоски“ ,кое е воедно и основоположник и најдобар промотор на македонското оро и песна. На вечерашниот концерт изведовме игри од сите делови на Маледонија , од Овчеполието, Источна Македонија, Игри од Егејскиот дел на Македонија, Преспански игри и многу други орски сплетови .Пејачката група изведе две нумери и тоа ,„ Ајде ако знаев“ и„ Ајде поминувам заминувам“. Програмата беше збогатена и со настап на КУД „Врело“ од Бујановац, Република Србија кои извеоа три ора од нивниот репертоар.Им благодарам на сите членови на друштвото што се погрижија да приредиме величествен концерт, кој уште долго ќе се памети и во сите 90 минути во ист ритам се испреплетуваа орски сплетови и песни а гледачите со громогласни аплаузи ги наградија сите учесници на концертот- истакна претседателот Јованоски. З.А