КУД „Бисер“ Кичево во изминатите неколку дена заде учество на 24 издание на фестивалот чиј домаќин беше КУД „Младост“ од Босанска Отока, на кој покрај друштвото од Кичево и локалното друштво, настапија фолклорни ансамбли и друштва и од Словенија, Хрватска, Швајцарија, Унгарија, Словачка и Чешка.
– Нашето културно-уметничко друштво, деновиве зеде учество на 24-тото издание на фолклорниот Фестивал од ревијален карактер на КУД „Младост“ во Босанска Отока, каде членовите на Бисер за првпат беа гости на КУД „Младост“ од овој босански град. На ова гостување настапивме во два вечери, а програмата се одвиваше на фудбалскиот стадион, каде во двата дена беа присутни повеќе од 3.000 гледачи. Ова беше прво гостување на нашето друштво на овој фестивал, а во двата настапи се претставивме со орските сплетови Копачија и Малешевка. После подолго време нашиот настап беше збогатен и со учество на оркестарот на „Бисер“. Можеме да бидеме апсолутно задоволни од гостопримството на домаќините и од нашите настапи и за возврат на 8-ми и 9-ти август ќе бидат наши гости во Кичево, како и ансамблот од Новска Хрватска – истакна претседателот на КУД„ Бисер“ Кичево, Младен Ванчоски.
З.А.