Синот на легендарниот рок музичар го посети Крушево
Синот на легендарнмиот балкански музичар Аки Рахимовски, Кристијан, вчера го посети Крушево, заедно со Дамир Осредечки, менаџерот на покојниот пејач и со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Заради големата почит, комуникација и посветувањето на неколку песни од страна на Аки Рахимовски за Тоше Проески, синот Кристијан одлучил да го посети Крушево, да се поклони пред неговиот гробот и да се запознае со животот на музичката ѕвезда преку прошетка во спомен куќата „Тодор Проески“.
Кристијан Рахимовски, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и претседателот на совет и братучед на Тоше, Андреј Николоски, разговарале за животот и настанувањето на смртта на Аки Рахимовски.
„Сега татко ми е на небото и пејат заедно со Тоше“, му рекол Кристијан Рахимовски на градоначалникот Христоски.
Кристијан Рахимовски се потпиша во книгата за впечатоци во НУ спомен куќа „Тодор Проески“