Орландо Блум, ѕвездата од „Пиратите од Карибите“, бил подложен на третман познат како афереза – медицински процес во кој крвта се отстранува од телото, се центрифугира или филтрира за да се извлечат одредени компоненти, а потоа се враќа во обид да се исфрлат микропластиките и другите токсини. Аферезата обично се користи за лекување состојби како што се автоимуни болести или абнормално високи нивоа на крвни клетки или протеини. Сепак нејзината употреба како детоксикација за микропластика не е научно докажана.
Меѓутоа Блум рече дека се сомнева дека неговото тело апсорбирало пластика преку секојдневна изложеност и се обидува да ја исфрли од својот систем. Микропластиката, ситни фрагменти од пластика помали од пет милиметри, се наоѓаат во воздухот, водата, почвата, храната, па дури и во човечкото ткиво, но кога станува збор за нивното отстранување од крвотокот, науката нема јасни одговори. Група научници истражувале, а студијата открила дека иако дијализата е медицинско чудо, таа може да има и негативна страна – може да предизвика внесување микропластика во крвотокот. Во некои случаи тие откриле дека пациентите на дијализа биле изложени на микропластика за време на нивниот третман поради распаѓање на пластичните компоненти во опремата – загрижувачка контрадикција за постапка дизајнирана за прочистување на крвта. Аферезата е тесно поврзана со дијализата: двете вклучуваат отстранување на крвта од телото, нејзино циркулирање низ пластични цевки и филтри, а потоа нејзино враќање – така што двете процедури носат сличен ризик од внесување микропластика од опремата во крвотокот.
Во моментов нема објавени научни докази дека микропластиката може ефикасно да се филтрира од човечката крв. Затоа, на тврдењата дека дијализата или други третмани можат да ја отстранат треба да се гледа со скептицизам, особено кога самите системи за филтрирање се направени од пластика.