КУД „Бисер“ – Кичево синоќа одржа концертна платото пред Центарот за култура во Кичево, а на кој гости им беа КУД „Младост“ од Босанска Отока и КУД „Пакленица“ од Новска, Хрватска. Концертот претставуваше и возвратна посета на КУД „Младост“, на културно-уметничко друштво „Бисер“ Кичево, откако заедно со друштва од осум европски земји беа гости на играорците од Босанска Отока пред три седмици, кога домаќините го прославија 24-от роденден..
– По само три недели откако КУД„ Младост “од Босанска Отока беше наш домаќини на два концерти. Покрај КУД „Младост“ на концертот во Кичево настапи и КУД „Пакленица“ од Новска, Хрватска. Ние како домаќини изведовме повеќе орски сплетови што ги изведуваме на повеќе настапи на престижни фестивали, додека нашите гости од БиХ, КУД „Младост“, се претстави со муслимански и Варошки игри, додека КУД „Пакленица“ изведе игри од Западна Славонија и Буњевачки игри. Концертот започна во 20 часот, а се одржа на платото пред Центарот за култура пред околу 1.000 гледачи, кои со громогласни аплаузи ги наградија настапите на друштвата од трите града, како потврда на она што го презентираа друштвата. Очекувано на платото пред Центарот за култура се собраа голем број гледачи, а поволната временска состојба беше причина плус да ја прогласиме оваа вечер како вечер за уживање и вечер на фолклорот – истакна Младен Ванчоски, претседател на КУД „Бисер“ Кичево.
Пред самиот концерт друштвата-учесници разменија благодарниции, направија повеќе заеднички фотографии како спомен на овој настан и најавија продолжување на соработката и во наредната година, најави пред концертот директорот на КУД „Пакленица“ од Новска, Владимир Жижак, и нагласи дека овие заеднички концерти ги доближуваат друштвата и ја продлабочуваат натамошната соработка и пријателство.
З.А.