фото: Зоран Антоски

Во музејот„ Западна Македонија во НОВ“ во Кичево, концерт одржа професорот по соло гитара Јетмир Мехмеди и неговите ученици. На концертот беа изведени композиции на Ј.С.Бах , Ф.Тарега, Албениц и Доменикони, а за првпат беше изведена и нумерата „Пролетна свита“ аранжман создаден од познати балкански теми.

– Музејот „Западна Македонија во НОВ“ е специјално место за мене бидејќи пред точно 14 години мојот прв солистички рецитал го одржав на ова место и сега после толку време сакав да се вратам со поголемо искуство и заедно со моите ученици приредивме еден атрактивен и незаборавен концерт пред кичевската публика. Големата посета на гледачите од сите генерации и аплаузите после концертот, беа најдобра потврда дека сме ги оправдале нивните очекувања и сме ги задоволиле нивните вкусови – истакна професорот Мехмеди.

Тој ги истакна како специјални настапите во Базиликата во Пореч, концертот во музичкото училиште во Суботица, во градскиот музеј во Приштина, потоа концертот за класична гитара и гудачки оркестар од композиторот М. Тедеско во Тетово и концертот во кичевскиот музеј пред 14 години, како специјални моменти во неговата музичка кариера.

З.А.