Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ поканува на уникатно сценско патување низ времето и традициите. Концертот е закажан за 22 ноември, во 19.30 часот, во Националната опера и балет.
Концертот „Изворни минијатури“ е повеќе од обичен концерт – тоа е враќање кон изворите и никулците од кои ’рти богатиот репертоар на „Танец“. Ќе имате можност да уживате во:
• Автентични ора и песни: изведени во нивната интегрална форма, како што егзистирале на теренот.
• Раскош на дијалекти: потсетување на најстарите слоеви од македонскиот музички и сценски фолклор.
• Врвна изведба: машки, женски и мешани ора, придружени од врвни игроорци и музичари на македонски изворни инструменти.
– Концертот „Изворни минијатури“ е препознаен како исклучително популарен проект, кој веќе го обиколи поголемиот дел од државата, што гарантира врвен квалитет и голем интерес – споделуваат организаторите.

































