Фото: Пиксабеј

Нов еколошки проблем

Во многу земји во светот постојат ограничувања за употреба на пластичните ќеси за еднократна употреба, кои лебдат на дрвјата, внесуваат микропластика во почвата и во водата и му штетат на морскиот свет, но ваквиот вид успешна приказна во заштитата на животната средина крие еден проблем. Многумина од нас се пренатрупани со ќеси за повеќекратна употреба – платнени торби или подебели, потрајни пластични ќеси што трговците на мало ги продаваат евтино или им ги даваат на клиентите како поеколошка алтернатива на пластиката за еднократна употреба. Овие купишта ќеси создаваат нови еколошки проблеми, бидејќи ќесите за повеќекратна употреба имаат многу поголем јаглероден отпечаток од тенките пластични ќеси.
Според една процена, платнените торби треба да се користат најмалку 7.100 пати за да бидат навистина еколошка алтернатива на конвенционалната пластична ќеса. Одговорот на прашањето која е најзелената замена за пластична ќеса за еднократна употреба не е едноставен, но советот се сведува на следново: повторно употребете ги сите ќеси што ги имате дома, колку што можете повеќе пати.
Памукот стана евтин статусен симбол за сите брендови и поединци што сакаат да избегнат пластика и да ја покажат својата зелена ориентација. Сепак, памукот е култура што бара многу ресурси и користи значително количество пестициди и ѓубрива, кои внесуваат нитрати во почвата и водните патишта и резултираат со создавање азотни оксиди, стакленички гас. Ова значи дека неговото влијание врз животната средина е поголемо отколку што мислат многумина. Памукот треба да се користи од 50 до 150 пати за да има помало влијание врз климата во споредба со една пластична ќеса за еднократна употреба. Тој треба да се користи најмалку 7.100 пати за да се намали влијанието врз животната средина во споредба со класичната пластична ќеса од супермаркетите што се користи еднаш како ќеса за ѓубре, а потоа се пали.
Овој извештај разгледа 15 различни еколошки индикатори, вклучувајќи ги климатските промени, осиромашувањето на озонската обвивка, загадувањето на воздухот, водата и користењето на земјиштето. Меѓутоа, кога истражувањето ќе се сведе исклучиво на влијанието на памукот врз климата, памучната торба треба да се користи повторно најмалку 52 пати.