Фото: Пиксабеј

Глечерите на нашата планета покриваат околу десет проценти од нејзината површина или повеќе од 15 милиони квадратни километри. Од последните години на 20 век до денес глечерите забрзано се топат, а колку биле големи во минатото, можеби најдобро илустрира податокот дека за време на последната ледена доба заземале дури трипати повеќе територија отколку денес. Глечерите содржат нешто помалку од 70 проценти од вкупното количество слатка вода на планетата.
Највисокиот глечер на светот, кој се наоѓа на Монт Еверест, годишно губи маса што се создавала со децении, а ситуацијата поради глобалното затоплување и загадувањето на планетата не е подобра ниту во други краеви на светот.