Фото: Пиксабеј

Науката откри нови резултати од истражувања според кои мажите побрзо се заљубуваат. Според истражувањата, утврдено е дека мажите порано ѝ велат на својата партнерка дека ја сакаат – ним им се потребни 88 дена да се заљубат, а на жените 134 дена.
Авторката на истражувањето, Мариса Харис, истакна дека на жените им е потребно повеќе време затоа што тие имаат различни потсвесни биолошки стандарди врз основа на кои бараат соодветен партнер и татко на своите деца.
Истиот фактор е и причина зошто е утврдено дека жените повеќе уживаат во сексот кога се емоционално поврзани со својот партнер.
– Сметам дека жените потсвесно ја одложуваат љубовта и дека можат многу да изгубат на репродуктивен план ако се посветат на погрешниот маж – истакна Мариса Харис, авторка на истражувањето.
Често се случува жените да се исплашат ако веднаш им се допадне мажот физички. Тие тогаш се склони да мислат дека можеби ги привлекува нивната фантазија и сметаат дека треба да бидат претпазливи.