Фото: Пиксабеј

Крвниот притисок е важен показател за здравјето, но многу луѓе не знаат колкав е нивниот крвен притисок. Овој термин се однесува на силата со која крвта притиска на ѕидовите на артериите додека циркулира низ телото. Нискиот крвен притисок (хипотензија) обично не е причина за загриженост, но може да предизвика вртоглавица и несвестица. Од друга страна, високиот крвен притисок (хипертензија) го зголемува ризикот од сериозни болести, како што се срцев и мозочен удар, доколку не се лекува.
Вредностите на крвниот притисок зависат од возраста и од полот. Според истражувањата, нормалните опсези се како што следува:

Новороденчиња (до 1 месец): 60–90/20–60 mm Hg
Доенчиња: 87-105/53-66 mm Hg
Мали деца: 95-105/53-66 mm Hg
Деца од предучилишна возраст: 95-110/56-70 mm Hg
Училишни деца: 97–112/57–71 mm Hg
Адолесценти: 112-128/66-80 mm Hg
Возрасни 18-39 години: жени 110/68 mm Hg, мажи 119/70 mm Hg
Возрасни 40-59 години: жени 122/74 mm Hg, мажи 124/77 mm Hg
Луѓе над 60 години: жени 139/68 mm Hg, мажи 133/69 mm Hg

Промените на крвниот притисок со возраста се нормални, бидејќи крвните садови стануваат поцврсти, што доведува до негово зголемување. Овој процес се случува дури и кај луѓе што водат здрав начин на живот. Исто така, постојат родови разлики. Жените во перименопауза обично имаат понизок крвен притисок во споредба со мажите. Сепак, по менопаузата, крвниот притисок кај жените се зголемува и може да стане повисок од машкиот. Се смета дека хормоните, особено тестостеронот, играат важна улога во регулирањето на крвниот притисок.
Редовните проверки на крвниот притисок и здравиот начин на живот се клучни за спречување и контрола на хипертензијата. Ако имате какви било прашања, прашајте го вашиот лекар.