Секој од нас има свој фаворит, но во потрага по најдобриот божиќен филм на сите времиња се консултиравме со онлајн базата на податоци за филмови на интернет. Во продолжение ја пренесуваме листата од десет филма што добиле најдобра оцена.
На десеттото место на листата е хорор-комедијата „Гремлини“, додека на деветтото е божиќната класика „Елф“. Следува комедијата „Чудо на 34-та улица“ наградена со „оскар“, додека на шестото место на листата на најдобри божиќни филмови е комедијата „Најлудиот Божиќ“.
Анимираниот филм за ирвасот на Дедо Мраз, „Рудолф“, го зазема петтото место, додека врвната божиќна класика „Сам дома“ го зазема четвртото место. Ќе можеме да уживаме пред малите екрани и оваа година.
Првите три позиции ги отвора филмот „Скруџ“, најпознатата филмска интерпретација на познатото дело „Божиќна песна“ на американскиот писател Чарлс Дикинсон.
Второто место го зазеде нетипичен божиќен филм, акциската комедија „Умри машки“. Со години се води дебата дали воопшто треба да се класифицира како божиќен филм, згора на тоа, многумина го сметаат за едно од најконтроверзните филмски прашања.
Првото место на листата на најдобри божиќни филмови на ИМДБ го зазеде класичниот „Прекрасен живот“, кој наедно е и еден од најдобрите филмови на сите времиња.