Фото: Пиксабеј

Кастрираните домашни миленичиња живеат во просек неколку години подолго од некстрираните или нестерилизираните, благодарение на половите хормони. Промените во хормонското ниво ги прават животните посмирени, се намалува нивниот интерес кон единките од спротивниот пол и нивната свирепост кон другите домашни миленици. Нестерилизираните женки во подоцнежна возраст често страдаат од болести на гениталиите, вклучувајќи пиометра.
Стерилизацијата овозможува елиминација на поголемиот дел од здравствените ризици и го намалува појавувањето на многу хормонски болести. Стерилизацијата и кастрацијата не се гаранција за долг живот на домашното милениче, но во комбинација со нега, обука и редовни посети на ветеринар речиси целосно се обезбедува долговечност на кучето.
За долг, здрав и среќен животен век важно е да се избере кученце од здраво легло и проверена одгледувачница. Добра избалансирана исхрана, правилна нега, одржување активност и редовни посети на ветеринар се компоненти за исполнето и долго живеење на миленицците. Постојат и некои сериозни болести што можат да го скратат животот на вашето милениче, па важно е да го вакцинирате секоја година против инфекции, вклучувајќи и беснило, без разлика на неговата возраст. Одредени болести, како што е парвовирусот, главно ги погодуваат младите миленичиња, па првите комплекси за вакцинација се од големо значење за зголемување на животниот век на миленичињата. Животните имаат потреба од редовни превентивни прегледи. За младо милениче, доволни се сеопфатен преглед и контрола еднаш годишно, а за постаро еднаш на шест месеци. Ако вашето милениче има хронични болести, распоредот на прегледите треба да се приспособи според препораката на ветеринарот.