Оваа карта ги покажува местата во Европа во кои не живее никој. На картата на прв поглед нема ништо чудно, освен што секое парче обоено со зелена боја претставува квадратен километар каде што не живее никој.
Картата е многу интересна и стана вирален хит бидејќи станува видливо дека многу региони во Скандинавија се ненаселени. Огромни пространства земја се без луѓе, а многумина се изненадени од фактот што исто така и големи делови од Шпанија се многу ретко населени.
Ниту Македонија не може да се пофали со голема густина на население. Освен Скопје и околината – има и многу делови од земјата што не се густо населени.