Кампањата на „СОС-детско село“ со наслов „Една ѕвезда, една детска желба“ беше успешно спроведена за време на новогодишните празници.
– Во време кога светот е поврзан повеќе од кога било, социјалната одговорност станува клучна тема за секого од нас. Секој чекор што го правиме и секоја порака што ја испраќаме има потенцијал да создаде позитивна промена. Новогодишната кампања на „СОС-детско село“, поддржана од неверојатни 84 инфлуенсери и јавни личности, го потврди значењето на оваа мисија – велат од „СОС-детско село“.
Оваа кампања го докажа влијанието на социјалните мрежи и можноста преку нив да се создадат позитивни промени.
– Инфлуенсерите и јавните личности со нивната моќ да инспирираат и да мотивираат ја пренесоа пораката за важноста на грижата за децата без родителска грижа до широка публика. Преку нивната посветеност, оваа кампања стана повеќе од иницијатива – стана заеднички потфат за подобро општество. Сакаме да изразиме голема благодарност до сите 84 поддржувачи што ѝ се приклучија на нашата кауза. Нивната поддршка не само што ја зголеми видливоста на нашата мисија туку и придонесе за директна помош на најранливите, децата без родителска грижа – велат од „СОС-детско село“.
Нашата мисија продолжува, а јавните личности остануваат наши партнери во создавањето позитивни промени. Ги покануваме сите што сакаат да направат разлика да ни се приклучат и заедно да изградиме подобра иднина за децата.