Фото: Пиксабеј

Медитеранските градови можат да развијат иновативни иницијативи и нови пристапи за транзиција кон поодржливи и поотпорни урбани земјоделско-прехранбени системи. Ова е заклучокот на Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Во техничкиот краток преглед како да се постигне тоа, ФАО, во соработка со француската невладина организација „Летс фуд“, дава преглед на урбаните земјоделско-прехранбени системи во Медитеранскиот Регион и предлага опции за нивна заедничка трансформација.
Извештајот се заснова на резултатите од студијата што анализирала повеќе од 300 урбани акции за храна во 94 медитерански града, од кои секој има преземено чекори за трансформирање на своите локални земјоделско-прехранбени системи. Студијата обезбедува сеопфатно мапирање: од градини на покриви во густо населени области до сеопфатни програми за намалување на отпадот од храна, прикажувајќи низа разновидна иницијативи што рефлектираат иновативни и систематски пристапи за надминување на земјоделско-прехранбените предизвици, пишува ФАО.
Идентификувани се пет клучни области на трансформативна акција: интегрирана локална политика и управување со земјоделско-прехранбената храна, охрабрување на градовите да развиваат мултисекторски политики, поддржани од силни механизми за управување со повеќе засегнати страни, за справување со меѓусекторски прашања и обезбедување одржливост. Спречувањето фрлање храна и кружна (био)економија, како и урбаното и периурбаното земјоделство, кое ги промовира локалното производство и потрошувачка на храна, исто така ја зајакнува урбаната отпорност. Се препорачува и засадување заеднички градини, вертикални фарми и слично.
Се заклучува дека зајакнувањето на локалните пазари за храна е клучно за постигнување лесен пристап до хранлива, одржлива и локална храна. Се препорачуваат и јавни програми за набавка на храна: во училиштата и во здравството, како и во пензионерските и други институции. И ова го поддржува локалното земјоделство и промовира здрава исхрана и култура на одржливост. ФАО исто така предлага дизајнирање механизам за размена на знаења, искуства и иновации во медитеранските градови, како и заеднички пристап, кој им овозможува на градовите едни од други да учат за успесите и предизвиците.