Фото: Пиксабеј

Домување

Добро применетата оптичка илузија визуелно ќе го трансформира малиот простор за живеење во голем сосема едноставно – со поставување огледало во вистинска големина на вистинското место. Употребата на огледала во внатрешноста најчесто произлегува од индивидуалните потреби на сопственикот и желбата да се контролира сопствениот одраз. Но со својот одраз, огледалата го менуваат и визуелното доживување на околината, па првенствено се препорачуваат за создавање атмосфера и корекција на големината и перцепцијата на просторот.

Доколку сакате да ја проширите просторијата, донесете дневна светлина онаму каде што ја нема, означете ги темните делови и направете ги посветли, а просторот повисок, на клучните позиции во станот поставете огледала со соодветни димензии. На овој начин огледалото добива нова улога, која заедно со другите елементи на декорација и мебел го создава посакуваното доживување на просторот.
Огледалото е корисен елемент за украсување и „зголемување“ на малите простори бидејќи успешно се вклопува во сите стилови на декорација. Огледалата се користат во внатрешната декорација уште од античко време – ѕидовите на кралските дворови биле украсени со огромни огледала со луксузни рамки. Еден од најстарите начини на поставување огледала во последно време е – огледало во ходникот. Идејата е да се додаде простор во влезниот хол и да се задржи природната светлина што доаѓа од влезната врата или од соседните простории. Стратегиски поставено огледало во ходникот ни овозможува да видиме кој е на влезната врата, но и да направиме финална проверка на сопствениот изглед пред да излеземе. Во ходникот, препорачливо е да користите големи огледала со декоративна рамка што одговара на стилот на остатокот од станот.

Поставувањето огледало зад парче мебел во дневната соба, на пример, остава впечаток на голем имагинарен простор „зад“ и мозокот го перципира просторот како таму да има друга просторија. Огледалата може да се постават и на вратите на гардеробата и на тој начин да станат фиксни делови од внатрешноста, на пример, во мали спални соби. Огледалата на таванот во влезниот дел го зголемуваат и осветлуваат просторот, создавајќи чувство на луксуз, додека не се препорачуваат во спалната соба, бидејќи го анулираат чувството на интимност.