Остри критики за производителот
Групите за контрола на оружјето и гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија остро критикуваа производител на оружје од Илиноис, кој ѝ претстави на јавноста полуавтоматска пушка, дизајнирана посебно за деца. „ЈП-15“ или „јуниор 15“ е дизајнирана да биде „помала, побезбедна и полесна“ од обичната пушка „АП-15“, соопшти производителот на оружје „ВЕЕ1 тактикал“.
Пушката наменета за деца е за една петтина помала од вистинската „АП-15“, но се наведува дека „функционира како и пушката за мајките и татковците“.
– Веруваме дека ова рано запознавање на младите со огненото оружје ќе произведе длабока почит што ќе трае доживотно – се наведува во соопштението за јавноста.
Пушката со калибар 22 лр е претставена на саемот во Лас Вегас, Невада. Манифестацијата е одржана под покровителство на Националната фондација за стрелаштво на Здружението за производство на огнено оружје.
Голем број организации во САД ја критикуваа најавата за производство на ова оружје.
– Националната фондација за стрелаштво ја промовираше детската верзија на истата јуришна пушка, со која во страшен масакр беа убиени 20 првачиња и шестмина просветни работници во нашата заедница – изјави По Мареј, претседателка на акцискиот сојуз „Њутн“,.
Таа алудираше на пукањето во основното училиште „Сенд Хук“, во 2012 година, кога беа убиени 26 лица. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, ја нарече пушката „ЈП-15“ подло оружје, напоменувајќи дека и самиот логотип, на кој има череп и вкрстени коски со цуцла, е осмислен така да изгледа примамливо и да им се допадне на децата, што е погубно и може да има тешки последици.