Фото: Пиксабеј

Лекарка што го победи ракот во трета фаза има совет

Постојат повеќе од 200 вида на рак, а раното откривање и навременото лекување имаат клучна улога во борбата против оваа болест. Што се однесува до нашата секојдневна исхрана, таа не може да го спречи ракот, но може да биде фактор што предизвикува развој на тумор во телото.
Понатаму, кај луѓето што се веќе болни, вистинската комбинација на храна може да има позитивно влијание врз здравјето на пациентот. Експертите сугерираат дека секој оброк треба да биде избалансиран со најмалку две третини храна од растителна основа и не повеќе од една третина од животински протеини. Овој распоред на чинии е алатка во борбата против ракот промовиран од Американскиот институт за истражување на ракот, наведувајќи ги подобрите и полошите избори на храна и нивните комбинации.

Јадете повеќе грав и мешунки

Докторката Ејми Морис е експертка за закрепнување од рак, кој и самата го надмина, а денес преку своите профили на социјалните мрежи често споделува совети за здравјето и борбата против оваа злобна болест. Така, таа неодамна им откри на своите следбеници кои намирници да ги избегнуваат доколку имале тумор, а кои да ги јадат.
– Јас сум експертка за закрепнување од рак и преживеав рак во третата фаза пред шест години. Прво, јадете повеќе грав и мешунки воопшто. Тие се богати со растителни влакна и можат да го намалат ризикот од враќање на ракот. Втората работа што треба да се зајакне е немасните протеини – советува докторката.
Некои од најдобрите намирници за време на хемотерапија или други третмани против рак се протеините од растително потекло. Имено, станува збор за намирници што нудат високо ниво на витамини и минерали. Тоа значи дека болен човек треба да јаде многу зеленчук, грав, мешунки, јаткасти плодови и семки. Ако се консумираат животински протеини, тогаш се препорачуваат посни опции, како пилешко и риба.

Алкохолот го зголемува ризикот од рак

Таа советува и која храна треба да се избегнува доколку некое лице имало рак.
– Алкохолот го зголемува ризикот од рак или негово повторување. Ако можете, обидете се да го избегнувате или барем да ја намалите потрошувачката. Друга работа е преработеното месо – колбаси, сланина, сувомесни производи, а сето тоа е јасно поврзано со зголемен ризик од рак. Затоа избегнувајте го или ограничете го внесувањето колку што е можно повеќе – препорачува Морис.
Луѓето со рак мора да бидат свесни за тоа што се случува во нивното тело, и често имаат ослабен имунолошки систем кој треба да се зајакне преку исхрана и правилно избрана храна.
Експертите нагласуваат дека секој што страда од хронично заболување, дури и ако тоа не е рак, треба да јаде храна богата со протеини, здрави масти, цели зрна и витамини и минерали. Ако е можно, треба да се спроведе каква било форма на адаптација на нова диета пред да започне третманот, така што пациентот ќе биде што е можно поздрав во текот на процесот.