Фото: Пиксабеј

Израелски археолози открија вредни артефакти на бродолом во Средоземно Море. Тие пронајдоа голем број богатства, стотици римски и средновековни сребрени монети, а самиот локалитет се наоѓа во морето недалеку од античкиот град Цезареја.
– Сè беше пронајдено во последните два месеца за време на подводното истражување спроведено од Одделението за морска археологија на израелската управа за антиквитети – пишува „Индекс“ за овој истражувачки потфат.
Меѓу артефактите пронајдени на локацијата во близината на античкиот град Цезареја имало фигурини, ѕвона, керамика и метални артефакти што некогаш им припаѓале на бродови, како што се клинци и скршено челично сидро.
Израелската управа за антиквитети го истакна откривањето римски златен прстен, на чиј скапоцен камен е изгравиран лик на овчар како носи овца на рамениците.
– На скапоцениот камен е изгравиран ликот на добриот пастир, што е навистина еден од најраните симболи на христијанството – рече Роберт Кол, шеф на одделот за монети, кој го нарече предметот „исклучителен“.