Со денешното темпо, повремениот замор е очекуван, но кога исцрпеноста трае со недели и го менува секојдневието, станува збор за хроничен замор, со јасни последици по здравјето и благосостојбата. Немојте да го игнорирате проблемот или да го решавате со енергетски пијалаци, кафе или чоколадо. Тоа е нешто на кое треба да обрнете внимание.
Доколку се прашувате зошто секогаш сте исцрпени, тоа може да биде знак за недијагностициран здравствен проблем. Од суптилни недостатоци на хранливи материи до темелни здравствени состојби, постојат многу скриени фактори што може тивко да ја празнат вашата енергија – а тие се почести отколку што мислите.
– Колинот е еден од оние помалку познати нутриенти што не добиваат заслужено внимание, но игра голема улога во здравјето на мозокот, регулацијата на расположението, нивото на енергија, па дури и во тоа колку добро функционира црниот дроб – објаснува нутриционистот Роб Хобсон.
Иако нашето тело можат да произведе мали количества, тоа не е ни приближно доволно за да ги задоволи нашите потреби, па многу се потпираме на она што го јадеме. Јајцата и месото се богати извори, поради што веганите и вегетаријанците се посклони кон недостиг од витамини. Меѓутоа, не станува збор само за храна од животинско потекло – оние што јадат растителна храна можат да добијат малку витамини од брокула, грав, кикиритки, па дури и печурки, иако нивото е многу пониско и ќе им треба повеќе од оваа храна. Значи, ако се чувствувате уморно или ви недостига енергија, можеби е време да го преиспитате количеството што го внесувате. Дехидрацијата исто така е поврзана со намалена будност и со зголемена сонливост и замор.
            


































