Интензивно се спроведуваат истражувања за нови лекови против Паркинсонова болест. Има ветувачки нови резултати. Неодамна е објавено француско истражување за активна состојка за третман на дијабетес што може да помогне и при Паркинсонова болест. Супстанцијата се нарекува ликсисенатид
Повеќе од десет милиони луѓе во светот страдаат од Паркинсонова болест. По Алцхајмеровата болест, таа е втора најчеста невродегенеративна болест. Интензивно се истражуваат нови лекови – со позитивни резултати.
Околу 400.000 луѓе во Германија страдаат од Паркинсонова болест. Оваа болест може да се лекува со лекови, но тие со текот на времето стануваат сѐ помалку ефикасни. Експертите и оние што боледуваат од Паркинсонова болест долго време се надеваат на развој на нови лекови.
Болеста најчесто се јавува на возраст од 45 до 65 години.
Интензивно се спроведуваат истражувања за нови лекови против Паркинсонова болест. Има ветувачки нови резултати. Неодамна е објавено француско истражување за активна состојка за третман на дијабетес што може да помогне и при Паркинсоновата болест. Супстанцијата се нарекува ликсисенатид.
Во студијата учествуваа 156 испитаници со благ до умерен стадиум на Паркинсонова болест. Половина добија лек за дијабетес, а другите само плацебо. Сите продолжија да ги земаат и стандардните лекови.
По една година, Паркинсоновата болест се влошила кај испитаниците во плацебо-групата. Сепак, кај субјектите што земале ликсисенатид симптомите не се влошиле – што исто така се смета за напредок.
Што е Паркинсонова болест?
Паркинсоновата болест е предизвикана од недостиг од допамин во мозокот – сѐ повеќе и повеќе нервни клетки што го произведуваат овој важен невротрансмитер умираат. Тоа доведува до треперење на мускулите и ја намалува подвижноста.
Сè уште не е целосно јасно што ја предизвикува Паркинсоновата болест. Се смета дека Паркинсоновата болест е предизвикана од комбинација на генетски и еколошки фактори и начин на живот. Одредени пестициди и хемикалии се сметаат за можни предизвикувачи.
Сè уште не е јасно како може да се објасни позитивниот ефект на ликсисенатид кај Паркинсоновата болест. Ова може да биде затоа што активната состојка се бори против воспалението. Ова може да го забави губењето на нервните клетки.
Неизвесно е дали на лицата со Паркинсонова болест ќе им се пропише овој или друг лек за дијабетес. Имено, разликата во однос на нетретираната група била мошне мала, а имало и несакани ефекти, особено гадење. Испитаната супстанција постои одамна, а во меѓувреме има лекови што подобро се поднесуваат.
За Дејвид Стандерт, невролог од Универзитетот во Алабама во Бирмингем, најважно е дали ефектот трае подолго од една година и дали се зголемува или останува мал со текот на годините на лекување.
– Постои долга историја на различни обиди за лекување на Паркинсоновата болест што на крајот не успеаја – изјави Стандерт за списанието „Нејчр“.