Дали знаевте дека кожата е првиот орган што губи вода кога сме дехидрирани, а последен што ја добива? Или тоа дека во текот на денот губиме дури два децилитра вода од кожата, што е една полна чаша вода? Особено внимавајте на хидратацијата доколку престојувате во климатизирани простории, што дополнително ја суши кожата.
Поделете ја телесната маса со 27 и ќе го добиете потребното количество за дневно внесување течности. Доколку сакате совршен тен, обезбедете му пилинг на вашето тело. Пред да се сончате, направете пилинг на кожата. Така ќе ѝ обезбедите на кожата поздрав, поубав и посвеж тен. По изложување на сонце, секогаш користете препарати за кожата што ја коригираат и навлажнуваат, ѝ ја враќаат рамнотежата на кожата и го зачувуваат тенот на кожата.
Заштитете се од главата до петиците! Во текот на летото не заборавајте да носите капи и обидете се да ја покриете кожата со потенка памучна облека дури и додека пешачите. Со овие совети вашата кожа ќе биде здрава и сјајна, вашата коса ќе ги задржи својата природна сила и сјај, а вашите нокти ќе бидат силни и здрави.