Како се родила идејата за првото летало
- Леонардо да Винчи прв направил цртежи на хеликоптер со сопствен погон. Кон крајот на 18 век, роторот на хеликоптерот почнал да се користи за хоризонтално движење
Идејата за создавање летало што може да лебди во воздух, да лета со помош на елиса и да биде полесно и поподвижно од својот далечен роднина авионот се родила многу пред првите хеликоптери успешно да полетаат од пистата. Првите летала од овој тип биле нацртани на хартија уште во 14 век, а се претпоставува дека тогаш бил создаден и првиот хеликоптер-играчка.
Модел што долго време бил популарен
Оваа играчка била направена по примерот на ветерницата, но во овој случај краците на ветерницата биле претворени во активен, погонски пропелер. Тоа е исто така и првиот пример на елиса. Играчката се состоела од четири краци на роторот поставени на вретено, кое било поставено во држач. Околу прстенот бил навиткан долг конец и изведен преку дупка на дршката. Со силно повлекување на конецот, вретеното се врти и елисата лета високо во воздухот.
Овој модел на хеликоптер играчка долго време бил особено популарен.
Леонардо да Винчи прв направил цртежи на хеликоптер со сопствен погон. Кон крајот на 18 век, роторот на хеликоптерот почнал да се користи за хоризонтално движење.
Играчките хеликоптери биле исклучително популарни во 17 и 18 век, и тоа не само кај децата. Французите Лоној и Биенвени во 1796 година направиле модел на летало со два ротора што ги движел механизам сличен на оној што го движи дупчалката.
Ова откритие било објавено од страна на сер Џорџ Керли во 1809 година и станало главна инспирација за вистинскиот хеликоптер.
Во 19 век повеќето модели успешно летале
Во 19 век, повеќето модели на хеликоптери успешно летале. По усовршувањето на бензинскиот мотор, во 1907 година полетале два хеликоптера со човечка екипа. Пред хеликоптерот да стане реалност, се појавил „аутоџиро“, кој првпат полетал во 1923 година. Главниот проблем со хеликоптерот претставувале моторот и контролата на пропелерот.
Овој пропелер, всушност, служел и за подигнување на леталото, но и за лет, што значи дека хеликоптерот не требало само вертикално да полета и да слета туку морал и да лебди и лесно да маневрира. Затоа, наместо крилја бил монтиран голем пропелер над трупот, кој се вртел и го повлекувал уредот нагоре, додека помалиот пропелер го туркал леталото напред. За полетување на таков хеликоптер била потребна патека од неколку метри.
Првиот вистински хеликоптер бил германскиот „ФА-61“, а Италијанецот Саворели го конструирал првиот модерен хеликоптер со еден ротор. Тоа бил моделот „ВС-300“.
































