На страницата со трендови на Гугл можете да видите што најмногу се пребарувало во некоја земја, но и во целиот свет минатата година, а листата е поделена во неколку категории. Таму можете да ги видите најпребаруваните луѓе, спортисти, филмови, серии, игри, песни, па дури и рецепти, а подолу е листа од десет рецепти што биле најпребарувани лани.
1. Бибимбап
Бибимбап е корејско јадење со ориз, а рецептот за ова јадење бил најпребаруван на Гугл во 2023 година. Името на ова јадење потекнува од зборот бибим, што значи мешање, и бап, односно варен ориз. Се сервира така што се става оризот во сад и се додава комбинација од разни тревки и тестенини од чили пипер гочујанг. Јајце и мелено месо се вообичаени додатоци на ова јадење, а сè добро се меша пред консумирањето.
2. Еспето
Еспето е рибно јадење карактеристично за областа Малага и брегот на Гранада во јужна Шпанија и е вториот најпребаруван рецепт во годината. Всушност станува збор за сардини (најчесто шест) што се залепени на тенки и долги стапчиња, па изгледаат како големо раженче, кои потоа се печат. Единственото зачинување е малку сол и маслиново масло, а овие риби се јадат со прсти – најдобро во близина на плажа.
3. Папеда
Третиот најпопуларен рецепт е рецептот за индонезиското јадење папеда. Тоа е еден вид тесто направено од саго скроб, кој се добива од палмата саго. Папедата има конзистентност и текстура слични на лепило и често се служи со цветни пупки од папаја или спанаќ.
4. Бегел
Бегелот е тркалезно печиво што потекнува од Полска и е омилено во цела Америка. На овој своевиден ѓеврек му е отстранет внатрешниот мек дел, оставајќи го само надворешниот дел. Бегелот се добива со преполовување на класичниот ѓеврек, а потоа со рака или лажица се вади внатрешноста за да може ѓеврекот да се наполни со други состојки по желба.
5. Е фаџоли
Ова е всушност комбинација на тестенини и грав. Станува збор за италијанска супа што комбинира тестенини и грав. И додека јадењето варира од регион до регион, најчесто се прави од мали тестенини како што се макарони. Основата е обично маслиново масло, лук, мелен кромид, целер, моркови и често задушени домати или доматен сос.
6. Крунски киш
Тоа е кишот што го направи кралот Чарлс Трети, а кралицата Камила го избра како главно јадење на прославата на неговото крунисување. На сајтот на кралското семејство пишува дека овој специјалитет има нежна кора и е направен од јајца, спанаќ, грав и свеж тарагон.
7. Такака
На седмото место на најпребарувани рецепти годинава се најде такаката, јадење карактеристично за северот на Бразил. Ова јадење е направено од растенијата џамбу и тукупи, варен скроб од тапиока, како и сушени ракчиња и мала жолта пиперка. Се служи топло во сад.
8. Црна торта
Оваа торта е популарна на Карибите. Обично се прави со пиперка и рум, а може да вклучува и состојки како меласа или темнокафеав шеќер, црвено вино и неколку различни видови сушено овошје.
9. Ашуре
Ашур или ашуре е познато е и како пудингот на Ное. Тоа е деликатес што обично се приготвува за празникот Ашуре, десеттиот ден од исламскиот месец Мухарам, а во Ерменија се приготвува околу Божиќ и Нова година. Станува збор за десерт што се приготвува на различни начини, но мора да има најмалку седум состојки, меѓу кои се пченица, јачмен, ориз, бел грав, наут, џем, меласа од урми, меласа од калинка, сок од репка, суво овошје и други.
10. Смелт
Десеттото место од најпопуларните рецепти е морската риба смелт што живее во северниот дел на Атлантски и Северен Тихи Океан, како и во реките, потоците и езерата во Европа, Северна Америка и Североисточна Азија. Овие мали риби најчесто се пржат на масло, а се служат посипани со свеж магдонос и со многу парчиња лимон.