Заклучок од нова научна студија
Студија што ги опфати морските сунѓери покажа дека глобалните температури можеби почнале да растат порано одошто досега се претпоставуваше. Тим предводен од австралиски научници доби податоци за температурата на океаните, кои биле зачувани во скелетите од калциум карбонат на карипските морски сунѓери.
Истражувачите открија дека затоплувањето започнало во индустриската ера во средината на 1860-тите години, што е во согласност со она што би се очекувало од историските записи, но повеќе од 70 години порано отколку што сугерира рекордот од мерењата на температурите на морската површина од бродовите.
– Меѓувладиниот панел за климатски промени процени дека просечните глобални температури се зголемени за 1,2 степен Целзиусов до 2020 година, кога температурите всушност беа веќе 1,7 степен Целзиусов над прединдустриските нивоа – рече Меккалок.
Ако продолжат сегашните стапки на емисии, просечната глобална температура сигурно ќе надмине плус два Целзиусови степени до крајот на 2020-тите и ќе биде повеќе од 2,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа до 2050 година.
– Многу побрзите стапки на затоплување на земјиштето во моментов, исто така, идентификувани во истражувањето, предизвикуваат дополнителна загриженост, со просечна температура на земјиштето што се очекува да биде околу четири степени Целзиусови над прединдустриските нивоа до 2050 година – вели тој.
Ограничувањето на глобалното затоплување на не повеќе од два Целзиусови степени сега е главниот предизвик, што го прави уште поитно преполовувањето на емисиите до почетокот на 2030 година, а секако не подоцна од 2040 година.
Истражувањето е објавено во списанието „Нејчр клајмет чејнџ“.