Германската инспиративна приказна за 11-годишната Мона, „Победници“, во режија на Солин Јусеф, премиерно се прикажува во домашните киносали. Филмот ќе се прикажува во киното „Милениум“ до 18 декември, во работните денови со почеток од 18 часот и за викенд од 16 часот. Дополнително, филмот имаше премиера во Кинотеката од 16 часот и во домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип, од каде што продолжува во киното „Манаки“ во Битола.
Мона и нејзиното семејство од курдско потекло пребегнале од Сирија во Берлин. Во овој нов свет, сè е поинаку, а Мона копнее по својот дом, своите другарчиња од уличниот фудбал и по тетка си Хелин. Кога еден посветен наставник го препознава нејзиниот извонреден талент за фудбал и ја избира за женскиот тим, предизвиците се зголемуваат. Мона брзо добива етикета на аутсајдерка, што ја отежнува нејзината интеграција во тимот. Но, како што секоја девојка се соочува со сопствените битки, станува јасно дека вистинскиот успех може да се постигне само ако играат заедно, како тим.
Филмот беше премиерно прикажан на 16 февруари 2024 година на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал и веќе ги освои срцата на публиката и стручните жирија, а во 2024 година ја доби наградата за најдобар детски филм на Германските филмски награди. Со трогателна приказна, силна порака и универзални вредности, „Победници“ е филм што инспирира, ги надминува културните граници и ги истакнува моќта на тимската работа и пријателството.
Дистрибутер на филмот е „Катавеј“ од Скопје, со поддршка од „Џрман филмс“.