Фото: Пиксабеј

Американската апликација за запознавање „Бамбл“ објави листа на најпопуларните начини на водење љубов во 2024 година, а во истражувањето учествувале повеќе од четири илјади двојки. Експертите откриле дека некои работи, како што се фетишот за стапалата или играњето улоги во спалната соба, веќе не се толку популарни, иако со години беа на врвот на листата.
Резултатот од анкетата покажа дека генерацијата зет (родените меѓу 1997 и 2012 година) сака нежност! Резултатите од истражувањето покажале и разлика во сексуалните преференции меѓу генерацијата зет, милениумците и генерацијата икс. Се чини, според истражувањето, припадниците на генерацијата зет имаат понежен пристап кон сексот. Кога ги прашале за нивните омилени сексуални активности, тие на прво место го ставале гушкањето, а биле посрамежливи кога станува збор за секс-играчките. Дури 57 проценти од генерацијата зет откриле дека не се многу заинтересирани за такви опции, додека мнозинството милениумци (луѓе родени помеѓу 1980 и 1996 година) и членовите на генерацијата икс (родени меѓу 1965 и 1979 година), т.е. 54 проценти од нив, изјавиле дека често користат секс-играчки во спалната соба.