Ви ги претставуваме најочекуваните филмови чии премиери ќе бидат во 2022 година.
1. „Аватар 2“
Во режија на Џејмс Камерон, во главните улоги играат: Сем Вортингтон, Зои Салдана, Сигурни Вивер, Кејт Винслет, Вин Дизел. Џејк Сали и Нејтири сега имаат семејство во бујниот вонземски свет на Пандора. Меѓутоа, кога се враќаат старите непријатели, тие се принудени да се евакуираат и да најдат нов дом.
Објавен од „Волт Дизни студиос моушн пикчрс“, со премиера на 16 декември.
2. „Тор: Љубов и гром“
Режијата е на Таика Вејтити, а во главните улоги играат: Крис Хемсворт, Теса Томпсон, Натали Портман. Ова е многу очекуваното продолжение на „Тор: Рагнарок“ на „Марвел“. Натали Портман се враќа во улогата на Џејн Фостер, добивајќи ги моќите и наметката на Тор.
Објавен од „Волт Дизни студиос моушн пикчрс“ на 8 јули.
3. „Топ Ган: Маверик“
Режијата е на Џозеф Косински, а главните улоги ги толкуваат: Том Круз, Џенифер Конели, Џон Хам, Вал Килмер. Пит Мичел обучува одред од дипломирани студенти на училиштето за пилоти „Топ Ган“, за мисија што ќе бара крајна жртва од оние што ќе бидат одбрани да ја управуваат.
Објавен од „Парамаунт пикчрс“ од 27 мај.
4. „Спајдермен:
Низ мултиверзумот“ (Прв дел)
Режијата е на Жоаким Дос Сантос, а во главната улога е Шамејк Мур. Мајлс Моралес се враќа во следното поглавје од анимираната сага „Спајдер верс“. Оваа епска авантура го пренесува соседството на Бруклин, Спајдермен низ Мултиверзумот за да ги здружи силите со Гвен Стејси и новиот тим на Спајдер-Пипл.
Објавен од „Колумбија пикчрс“, со премиера на 7 октомври.
5. „Светот Јура: Доминион“
Во режија на Колин Тревороу, а главните улоги ги толкуваат: Крис Прат, Брајс Далас Хауард, Лора Дерн. Ова е шести дел од научнофантастичната авантуристичка франшиза. Сценариото на Колин Тревороу и Емили Кармајкл се занимава со последиците од „Падното кралство“.
Објавен од „Јуниверзал пикчрс“ од 10 јуни.
6. „Ноќта на вештерките завршува“
Во режија на Дејвид Гордон Грин, а во главните улоги играат: Џејми Ли Кертис, Џуди Грир, Енди Матичак, Ник Касл. Третиот и последен дел од франшизата започнува со класиката на Џон Карпентер од 1978 година. Сагата за Мајкл Мајерс – психопат со маска, и Лори Строуд (Џејми Ли Кертис) доаѓа до кулминација.
Издаден од „Јуниверзал пикчрс“, со премиера на 14 октомври.
7. „Неоткриено“
Режијата е на Рубен Флејшер, со Том Холанд, Марк Волберг, Антонио Бандерас во главните улоги. Акционо-авантуристички филм во стилот на Индијана Џонс и претходник на истоимената видеоигра „Ноути дог“ на „Плејстејшн“.
Објавен од „Колумбија пикчрс“ од 18 февруари.
8. „Врeсок 5“
Режијата е на Мет Бетинели-Олпин и на Тајлер Гилет, а во главните улоги играат: Нив Кембел, Кортни Кокс, Дејвид Аркет, Џек Квејд. Во петтиот дел од метахорор-франшизата на Вес Крејвен, режисерското дуо ја продолжува митологијата околу Сидни Прескот (Нив Кембел) и нејзиното трауматично, многу несреќно минато.
Објавен од „Парамаунт пикчрс“ од 14 јануари.
9. „Бетмен“
Режијата е на Мет Ривс, а главните улоги ги толкуваат: Роберт Патинсон, Џефри Рајт, Зои Кравиц. Ова повторување е потемна слика за двојната улога на будниот детектив на Готам Сити. Затворениот милијардер Брус Вејн открива корупција што се поврзува со неговото семејство додека се соочува со серискиот убиец познат како Ридлер.
Објавен од „Ворнер Брос“, со премиера на 4 март.
10. „Џон Вик: Поглавје 4“
Режијата е на Чад Стахелскис, а улогите ги толкуваат: Кијану Ривс, Дони Јен. Кијану Ривс се враќа како извонреден убиец што сака кутриња, со акциони сетови снимени во Јапонија, Франција и во Германија. Марко Зарор го игра Чиди, негативец што сигурно ќе му нанесе болка на Вик.
Објавен од „Лајонсгејт“, со премиера на 27 мај.
11. „355“
Во режија на Сајмон Кинберг, а во главните улоги играат: Џесика Честејн, Лупита Нионго, Дајан Кругер, Пенелопе Круз. Сценаристот и режисер на „Икс мен“, Сајмон Кинберг, го води овој блокбастер акционен филм за група жени шпиони што го спасуваат светот.
Објавен од „Парамаунт пикчрс“ на 7 јануари.
12. „Смрт на Нил“
Режијата е на Кенет Брана, а главните улоги ги толкуваат: Кенет Брана, Гал Гадот, Арми Хамер. Кенет Брана се враќа како детектив Херкул Поаро по успехот на „Убиство во Ориент експрес“ од 2017 година. Додека е на одмор на Нил, Поаро мора да го истражи убиството на млада наследничка.
Објавен од „Волт Дизни студиос моушн пикчрс“ од 11 февруари.
13. „Невозможна мисија 7“
Режијата е на Кристофер Мекквари, а во главните улоги играат: Том Круз, Кери Елвес, Ребека Фергусон, Венеса Кирби. Том Круз се враќа во акција за седмиот дел од франшизата што ја покажува неговата подготвеност да се вклучи во акробации што ѝ пркосат на смртта.
Објавен од „Парамаунт пикчрс“, со премиера на 30 септември.
14. „Соник Супер Еж 2“
Режијата е на Џеф Фаулер, а во главните улоги играат: Џим Кери, Џејмс Марсден, Бен Шварц, Тика Самптер. Продолжение на играниот филм „Соник Супер Еж“, кој стана еден од филмовите со најголема заработка во 2020 г.
Објавен од „Парамаунт пикчрс“ од 8 април.