Краткиот документарен филм во развој „Земја“ (Soil), во режија на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, ја освои наградата Фестивал стратеџи авард (Festival Strategu award) на престижниот Шорт филм форум во рамки на 24. издание на Докуфест (DokuFest) во Косово, кој е еден о водечките фестивали за документарен и краткометражен филм во Југоситочна Европа.
Форумот, кој се одржа од 4 до 6 август 2025 во Призрен, Косово, обезбеди интензивна менторска подготовка за пичинг презентации, како и индивидуални средби со потенцијални копродуценти, дистрибутери, ТВ бродкастери, агенти за продажба, претставници од филмски фестивали и други филмски експерти од светот. Проектот беше претставен пред меѓународен панел составен од водечки професионалци во филмската индустрија.
Наградата за филмот „Земја“ беше доделена од страна на меѓународната компанија за филмска продажба и филмска стратегија „Сквеар ајс“( Square Eyes) која работи со најреномираните автори и филмски фестивали во светот.

– Оваа награда ќе овозможи стратешка поддршка за развој и имплементација на фестивалската патека на „Земја“, со цел максимална видливост и меѓународна присутност-велат oд продукцијата.
Филмот „Земја“, во продукција на Опиум Филм, е метафоричен визуелен приказ на животот на 400 деца кои живеати се школуваат покрај 15 илјади тони токсичен отпад. арсен, на само сто метри од нивното училиште.
– За нас, како млади и еколошки свесни автори, ова учество значи многу повеќе од филмска промоција – тоа е можност да алармираме за една од најтоксичните еколошки катастрофи во регионот. Преку приказната за Лојане, сакаме да ја подигнеме јавната свест за невидливиот, но постојан отров што секојдневно го вдишуваат стотици деца. Веруваме дека филмот има моќ не само да информира, туку и да поттикне промени – и токму тоа е нашата мисија – вели режисерот Кирил Карашаш.
Шорт филм форумот (Short film forum) е создаден со цел да ги поддржи младите таленти во регионот, нудејќи менторство, професионални контакти и можности за меѓународна соработка.
Форумот е поддржан од Амбасадата на Шведска во Косово, Филмските центри на Косово, Албанија и Македонија, како и од Филмскиот центар на Црна Гора, кој ќе се приклучи од следната година.