Фото:З.А

Денес и утре на градскиот плоштад во Кичево ќе се одржи дводневна музичка манифестација „Кичевчани пеат за својот град“. Во претстојните два дена на градот ќе му се случи музички настан за незаборав, со поголем број солисти и групи од Кичево.

-Во двата дена на сцената на градскиот плоштад ќе продефилираат голем број солисти и музички групи од градот, познати но и талентирани пеачи и групи, кои ќе ја презентираат сета убавина на македонската музичка традиција со фолк изведби и забавна музика. Вечерашниот концерт ќе започне во 20 часот а на сцената ќе се појават локални музички имиња познати и помалку познати, од Влатко Лозаноски, Драган Вељаноски, Мирослав Мирчески, Дарко Стојаноски, Мики Данилоски со својот бенд „Бели Мугри“, „Футуре бенд“, Христијан Трајаноски, Браќата Марко и Лука Лазарески, Марко Тодороски и „Кичевски сафари“-истакнаа организаторите на овој музички настан.

Утревечер во исто време ќе се одржи и вториот концерт, на кој ќе настапат Бојан Трајкоски, Бранислав Стојаноски, Бојан Дамјаноски, Тоше Ангелески, „Распеани Кичевчани“ и Дарко Танески-Трубачко како и групите „Аддиц тед“ и Твинс“.

Се очекува во двата дена на градскиот плоштад да се соберат голем број гледачи, бидејќи музички настани од ваков обем, во Кичево се доста ретки. З.А.